Живот
12. February 2017 - 12:39

Се појавил двојник на Хитлер - австриската полиција трага по овој човек!

Австриските власти ги проверуваат наводите дека непознат маж е забележан околу куќата во којашто некогаш живеел водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, како негов двојник, вклучително и неговите препознатливи мустаќи, фризура и облека.

„Тој господин често го гледам во Браунау и се прашувам дали тоа е случајно“, го пренесува весникот Oberoestrreichische Nachrichten постот на Facebook на еден локален жител заедно со фотографија на човек кој потсетува на Адолф Хитлер.

Нацистичкиот диктатор е роден 1889 година во Браунау ам Ин кој тогаш бил дел од Австроунгарската монархија.

Иследниците ги потврдуваат наводите на споменатиот весник.

Човек, на возраст меѓу 25 и 30 година, последен пат е виден во локалната библиотека каде што прегледувал списанија за Втората светска војна и се претставил како Харалд Хитлер. Најмалку еднаш е фотографиран е фотографиран пред родната куќа на Хитлер.

Австрискиот парламент во декември 2016 година донесе одлука се откупи таа трокатници која владата ја изнајмува од приватна сопственичка од 1972 година, за да може да ја контролира како се користи и да не биде продадена некому кој би ја претворил во своевидно светилиште на нацизмот.

Величањето на Адолф Хитлер е кривично дело во Австрија, којашто била припоена од нацистичка Германија во 1938 година.