Свет
7. April 2017 - 9:22

Се појави видео снимка од воздушниот напад на САД врз Сирија

На Си-Ен-ЕН се појави видео од воздушните напади од САД кон воената база во Сирија. 
 
Педесет и девет ракети Томахавк се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.
 
- Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.