Свет
10. July 2017 - 9:47

Се појави видео направено со мобилен од претепувањето до смрт на американскиот турист во Грција

 
Снимка направена со мобилен телефон е објавена на интернет, и на грчките медиуми со цел да се види целиот инцидент при тепањето и убиството на американскиот турист Бакари Хендерсон пред ноќен клуб во Лаганос на грчкиот остров Закинтос.
 
Осуммина осомничени за убиство на Американец на Закинтос, меѓу кои и шест Срби, обвинети се за тешко кривично дело – убиство со умисла. Двајца од нив се вработени во ноќниот клуб, едниот е шанкер, а другиот обезбедувач. 
 
Засега не се говори за мотивите за бруталното претепување и како дошло до инцидентот.
https://