Џет-Сет
6. July 2016 - 12:48

Се огласи Емина: Еве зошто не била на свадбата на братот

Популарната Емина Јаховиќ пред два дена, додека нејзиниот брат Мирсад Јаховиќ со девојката Душица склопуваше брак пред матичар во Нови Пазар, на Инстаграм објави фотографија како се сонча, а сега објасни зошто не била на свадба. 

- Мојот брат не правеше свадба. Само се венчаа во општина. Тоа е интимен чин, на кој не стигнав да одам поради обврски, но затоа моите деца се во Нови Пазар!

Сепак, според објавеното на социјалните мрежи, тешко дека сончањето е обврска.