Македонија
17. March 2020 - 10:54

Се одложи судењето за „27 април“

Отсуството на дел од адвокатите го одложија денешното судење за предметот „27 април“. Дел од нив во изминатиот период биле надвор од границите на државата па согласно препораките за заштита од корона вирусот тие не го напуштаат домот.

Поради ова од домашен притвор не беа донесени обвинетите Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски. Во судница беше присутен само екс Собранискиот спикер Трајко Вељановски.

Во судница дојдоа и двајцата сведоци Михаил Младеновски и Сашо Коцевски. За сведок на денешното судење требаше да се појави и техничкиот премиер Оливер Спасовски но судот го известил дека нема услови за одржување на рочиштето и не треба да доаѓа.

Следното судење за организаторите на собраниските настани од 27 април е закажано за 27 март.

 

Зоран Јаневски