Македонија
17. August 2020 - 11:26

Се одложи денешното рочиште за Насилство во општина Центар

Се одложи рочиштето за случајот Насилство во општина Центар на првиот ден по судската Ферија.

Еден месец судијата, но и обвинителот и  адвокатите ќе имаат време да се запознаат со дополнителните  листи на  докази кои ги доставија до судот.

Инаку до судот се пожали и новиот адвокат на обвинетиот, Александар Трајковски, дека како нов бранител му треба време да се запознае со предметот.

Инаку на денешното рочиште судијата го одби барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер да биде сослушан во својство на сведок. Следното рочиште е закажано за 17-ти септември.

Овој предмет почна од почеток лани.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште 11 лица. Според обвинението Груевски со умисла го поттикнал Јанакиевски да изврши насилство врз поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и членовите на советот на општината.

 

 

Елена Милошевска