Се најавуваат дожд и грмотевици: Што треба да исклучиме од струја кога грми
УХМР најавија дека денеска и деновиве ќе има силно невреме, со дожд, град, ветер и грмотевици. Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?
За грмењето има повеќе верувања, како тоа дека кога прв пат во годината ќе чуете дека грми, треба да легнете на земја и да се валкате.
Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа? Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.
Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.
Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата