Се наближува крај на светот: Годинава е најтопла во историјата, состојбата алармантна
Околу 200 држави во декември се договорија за радикален рез на употребата на фосилни горива за да се ограничи растот на просечната светска температура на под 2 степени Целзиусови од прединдустриските времиња, со тежнение таа да биде на 1,5 степени Целзиусови.
И покрај тоа се чини дека 2016 година е најтоплата година во историајта, поттикната и од Ел Нињо кој го грее Тихиот Океан, пренесува Светската метеролошка организација на Обединетите нации. Првите шест месеци биле за 1,3 степени потопли од прединдустриските времиња, јавува Хина.
Многу научници сметаат дека границата одредена во Париз ќе биде пробиена кон почетоот на следната деценија, поради што следната дебата за глобалното загревање ќе биде за тоа дали е можно да се намали глобалниот термостат.
Климатските стручњаци ќе се состанат од 15. до 18 август во Женева за да го подготват извештајот на ОН за целта од 1,5 степени С, кој го побараа светските лидери во Париз. Пробивањето на границата е една од поважните прашања во подготвителните документи за тој извештај.
Земјите во развој го гледаат пробивањето на границата како предавство на богатите држави, како и рецепт за уште полоши топлотни удари, како оние на Блискиот Исток оваа година како и топењето на грендландскиот лед кој би можел да доведе до потонување на островските држави.
-Постои ризик дека „пробивањето на границата“ е лизгава падина во однос на својата амбиција, смета Емануел де Гузман, секретар за климатски промени од Филипини кој преседава со група од 43 држави во развој, наречено Форум на најранливите од климата (ЦВФ).
Овој поглед го зазедоа и некои атлетичари на Олимпијадата во Рио, носејќи натпис „1,5 - рекорд кој не смееме да го урнеме“, што е дел од кампањата на ЦВФ, чии членки се земји како Бангладеш, Малдиви или Гватемала.
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Донал Трамп изрази сомневање дека промената на климата е предизвикана од човечко делување и најави дека ќе го отфрли Парискиот договор ако биде избран, додека Хилари Клинтон силно го поддржува.
Границата од 1,5 степени може да биде пробиена за пет години ако продолжат досегашните трендови на светските емисии на стаклени гасови, во што предводат Кина и САД.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор