Се менуваат старите улични светилки со штедливи во Делчево

Во Делчево се заменуваат уличните живини светилки со штедливи ЛЕД- диоди на 20-ина улици во градот и во 7 села во општината. Како што информира Тони Стоименовски, советник за ЛЕР од Општина Делчево, предвидено е да се заменат 760 живини светилки со штедливи ЛЕД диоди, од кои 600 диоди од 28 W, 110 диоди од 60 W и 50 W диоди од 100 W.
- Ќе се менуваат живините светилки на улици во населбите Ново Делчево, Прв реон, Втори реон,Трети реон, Стар расадник и Милково Брдо, додека со проектот се опфатени селата Разловци, с. Вирче, с. Габрово, с.Звегор, с. Стамер, с. Град, с. Тработивиште. Со оваа активност е предвидено до крајот на 2017г. да се заврши со замената на светилките, а уличното осветлување на општината да биде целосно енергетски ефикасно со драстично зголемени заштеди кои потоа ќе се реинвестираат во набавка на нови светилки и Делчево со јавно штедливо осветлување ќе биде покриено 80 отсто, истакна Стоименовски.
Замената на живините улични светилки со штедливи ЛЕД диоди е во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево” партнерски проект меѓу Општина Делчево и Општина Благоевград. Проектот е финансиран од ЕУ и од владите на двете држави.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
