Интернет
15. April 2016 - 14:24

Се менуваат профилните фотографии на Фејсбук: Сега ќе може да го направите и ова

Фејсбук најави дека во нaредните денови на сите корисници ќе им овозможи наместо статични профилни фотографии да објават кратки анимирани видеа.
 
За оваа опција се зборуваше претходната година, а сето ова сега ќе функционира низ Facebook Profile Expression Kit достапен на програмерите.
 
На овој начин другите апликации, како што се Vine, MSQRD, Instagram и слични ќе можат да пристапат на профилот на Фејсбук а корисниците преку нив ќе можат да снимат, уредат и објават анимирана профилна слика.
 
Иако овие опции нема да ги користат сите корисници на Фејсбук, сигурно е дека нема да остават никого рамнодушен.