Бизнис
11. September 2020 - 19:43

Се крои новиот пакет економски мерки

Третина од парите од еврообврзницата се уште стојат и тие ќе бидат основа за четвртиот пакет мерки. Државата во мај се задолжи со 700 милиони евра, од овие пари околу 200 милиони ќе се користат за пакетот мерки кој ќе биде познат до крајот на идната недела. Вкупната сума ќе зависи од ребалансот на буџетот. Во моментов се прават пресметки кај сите институции. Се бара прецизно да кажат колку пари им требаат за прокети до крајот на годината, а колку можат да отстапат за мерките кои ќе бидат од помош за фирмите и граѓаните.

Ако има потреба од свежи пари, државата ќе продолжи да се задолжува вели Битиќи. Долгот во моментов изнесува 59% од БДП и стратегијата според која не треба да надмине 60% може да биде ревидирана заради кризата, а со цел ублажување на последиците од кризата.

ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека со антикризните мерки власта досега ги помагала само фирмите блиски до Заев и Нина Ангеловска, а народнот оснатал без пари.

„Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството. 40.000 невработени, 1 милијарда долг, пропадната банка од 200 милиони евра и поскапа струја е епилогот од СДСМ во последните 6 месеци. Сите пари кои ги позајмија ги потрошија на поткуп за избори, но и за нивните сопствени фирми, а за спасување на работни места немаше ниту денар, затоа имаме 40.000 невработени“, стои во рекацијата на опозицијата.