Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот.
-Испратено е и вешто лице на лице место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации во куќата. Се разговара со лица и наредена е обдукција на телата на починатите. До овој момент нема индиции за намерно предизвикување, информираат од ЈОРСМ.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска во девет часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка, сопственост на 87- годишниот К.Ф. и 85 - годишната настанал пожар.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а К.Ф. и П.Ф. се пронајдени починати.
Од ТППЕ Крива Паланка информираат дека дојавата за пожарот ја примиле околу девет часот, од страна на внук на лицата кој живеел во соседната куќа.
-На пожарот интервениравме со две возила и девет пожарникари, бидејќи се работеше за интервенција во тешки услови, со густ чад и пожар во распламтена фаза. Известени беа екипи на МВР и Итна медицинска помош, а лекарите само констатираа смрт. Комплетно опожарен е еден спрат од куќа, дневна и кујна, а најверојатно пожарот настанал неколку часа пред да биде пријавен, можно е да настанал и во текот на ноќта, информираат од ТППЕ, Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека од почетокот на годината за 12 дена имале осум интервенции, од кои една техничка интервенција, една за опожарено патничко моторно возило, како и повеќе објекти на отворено.
Упатија апел за навремено одржување и чистење на оџаците и внимателно користење на грејни тела во текот на грејната сезона.
Ново на Сител
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча