Македонија
8. јуни 2016 - 14:00

Се гради мост кај село Соколарци

Општина Чешиново Облешево согласно Програмата за изградба на локални патишта и мостови, денеска започна со изградбата на мост на регионалниот пат Р 2342 на влезот кај село Соколарци во близината на Млечната иднустрија „Осогово милк“.

Изградбата на овој мост е дел од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите,  финансирана од Евроската унија, а спроведена од страна на УНДП. Компанија која ке ги изведува работите е „Жикол“ од Струмица.

- Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на Соколарци, како и за оние населени места од нашата општина кои минуваат по него. Со изградбата на овој мост ќе се реши еден од долгогодишните проблеми на жителите од ова населено место, бидејќи и при најмали врнежи овој пропуст на сегашниот мост немаше капацитет за да ја пропушта надојдената вода и притоа доаѓаше до излевање, кое го отежнуваше движењето и сообраќајот, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.

Нагласи дека паралелно со овие активности, општината работи и на поставување на нов асфалтен слој во должина од 1.400 метри на патниот правец Тркање - Спанчево.