Се гради инклузивен парк во Гевгелија
Во Гевгелија започна да се гради инклузивен парк за лица со попреченост. Паркот е сместен во кругот на пионерскиот дом а се реализира како донација од фондацијата Ице Бегов. Целиот проект чини околу 4 милиони денари и ќе биде опремен со најразлични реквизити кои треба да овозможат еднаквост за сите граѓани, без разлика на нивната попреченост и специфични потреби.
Паркот се реализира со поддршка на општина Гевгелија која го изготви основниот проект за истиот. Според градоначалникот Андон Сараманов ова е само еден пример кој треба да покаже како со заеднички иницијативи може да се создаваат квалитетни вредности за сите во заедницата.
Инклузивниот парк не е прва донација што Гевгелија ја добива од фондацијата Ице Бегов. Претходно тие донираа специјално опремено возило за лицата со попреченост од оваа општина.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар