Џет-Сет
21. јуни 2018 - 10:23

Се е подготвено за свадбата на годината - Еве како Брена го украси луксузниот дом

Пејачката Александра Пријовиќ и синот на Лепа Брена денеска ќе го кажат судбоносното „ДА“ пред околу 900 гости.

За целата организација е задолжен сопругот на Брена, Боба, а за декорацијата на домот и ресторанот семејството искеширало 70 илјади евра.

Според планот семејството од својот дом ќе се упати кон црквата каде ќе се чекаат со сватовите и невестата.

Засега во домот на Брена се уште е мирно, а гостите само што не пристигнале, а речиси по долгата работа се е спремно и во луксузниот ресторан кој вечерва ќе се случи прославата.