Loading Video...
Кошарка
14. јуни 2018 - 14:46

Се е подготвено за државниот шампионат „3х3“ или популарниот баскет

Од петок до недела во скопскиот „Сити Мол“ ќе се одржува првиот од шестте турнири во државниот шампионат на Македонија во „баскет“ односно 3х3 турнир
 
На специјално подготвениот терен на петтото ниво од катна гаража на скопскиот „Сити Мол“ ќе се одржи првиот од турнир од годинашниот шампионат во  „3х3“ баскет. Покрај Скопје, турнири ќе се одржуваат о во, Штип, Куманово, Гевгелија и Охрид, по што завршницата е предвидена за 15 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде најдобрите тимови ќе се борат за трофејот. 
 
Турнирот на кој учество ќе земат 16 тимови доби поддршка и од Агенцијата за млади и спорт.
 
- Како Агенција за млади и спорт заеднички со Македонската кошаркарска репрезентација го поддржуваме Здружението 3x3 со цел афирмација и развој на овој спорт кој на Олимпијадата во Токио 2020 година ќе стане Олимписки спорт. Ве уверувам дека АМС и во иднина ќе поддржува вакви проекти и манифестации кои имаат за цел да го развиваат спортскиот дух. Апелирам до сите кои се во можност да дојдат и да ги проследат натпреварите, воедно и да уживаат и да се забавуваат со богата уметничка програма што ја подготви организаторот на турнирот, изјави Дарко Каевски, директор на АМС.
 
Натпреварувачкиот дел в сабота и недела ќе почне во 17 часот и ќе трае до 23 часот.
 
За победниците обезбедени се парични награди (1.500 евра за првото и 500 евра за второто место).
 
Присутните ќе имаат можност да проследат и ревијални натпревари како и натпревари во забивање и шутирање тројки.