Македонија
19. May 2020 - 19:51

Се демонтира мобилната болница во кругот на Инфективната клиника

Мобилната болница што беше поставена во кругот на Инфективната клиника во Скопје се демонтира. Информацијата ја потврдија од Армијата на Република Македонија.

Болницата беше поставена кон крајот на март и таа требаше да биде дополнување на капацитетот на Инфективната клиника за примање на пациенти болни од Ковид -19.

Во болницата не беше згрижен ниту еден пациент бидејќи бројот на зарзени кои се лекуваат во болнички услови не го надмина капацитетот со кој располагаат Инфективната клиника и болницата „8 Септември“.