-->
-->
Се чисти регионалниот пат од Македонска Каменица кон село Саса
-->
Во Македонска Каменица се чисти регионалниот пат кон село Саса. Акцијата ја спроведува каменичкото комунално претпријатие од каде информираа дека во истата покрај вработени била вклучена и градежна механизација.
- Јавното претпријатие „Камена Река” реализираше еко акција за чистење на просторот околу регионалниот пат од Македонска Каменица кон село Саса. Ова е една од многуте акции преку која вработените во ЈП Камена Река покажуваат одговорност кон зачувување на чистата околина и борба против загадувањето на истата, информираа од претпријатието.
Додадоа дека вакви акции се планирани и за наредниот период.
- Како претпријатие задолжено за јавната чистота и комунална хигиена во општина Македонска Каменица, во зависност од временските услови, најавуваме спроведување на повеќе редовни еко акции на повеќе локации во Општината, во кои покрај крупната механизација, редовно ќе бидат вклучат и сите вработени во организацијата, додадоа каменичките комуналци.
Претходно во слична акција екипи на претпријатието го расчистуваа излезот кон општините Делчево и Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација