СДСМ: Заврши времето на привилегираните и непочитувањето на законите
СДСМ денеска во соопштение наведува дека заврши времето на привилегираните и непочитувањето на законите во државата на штета на граѓаните и фирмите.
Истакнуваат дека случајот со поранешни функционери во Управата за јавни приходи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои на незаконски начин им овозможиле на 37 фирми да бидат изземени од законските постапки за наплата на милионски долгови, поради неплаќање данок и со тоа свесно создавале нелојална конкуренција повластувајќи одредени фирми на штета на сите останати кои редовно си ги плаќале своите обврски кон државата.
Дополнително, сметаат од СДСМ, со направените штети врз буџетот оштетени се сите граѓани.
- Овој скандал е уште еден во низата докази кои јасно укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше спротивно на државните и граѓански интереси, истакнуваат во соопштението.
Посочуваат дека Владата предводена од СДСМ интензивно работи на санирање на направените штети, создава подобри и еднакви услови за работа на сите фирми, со што им помага во нивниот развој во интерес на сите граѓани.
Од СДСМ наведуваат дека по спроведување на целосната истрага ќе следува одговорност, законот мора да важи за сите подеднакво.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор