Македонија
24. July 2015 - 16:48

СДСМ во еуфорија пред секои избори кои ги губи

Шират лажна еуфорија еуфорија дека ќе победат, а изборите убедливо ги губат. СДСМ ги повторува истите прочитани тактики.

Од 2006тата па наваму пред секои избори СДСМ ја убедува јавноста дека победува, како на лента раковотството на СДСМ повторува дека ќе победи за после секои избори да се соочи со револтот на граѓаните и исклучиво слабата подршка.

Во 2001та Јани Макрадули тврдеше дека “Бранко тресе“ а Црвенковски велеше дека ќе го победи ВМРО – ДПМНЕ и постојано повикуваше на Избори.

Откако премиерот Груевски прифати предвремени избори за да ја скрати политичката криза наметната од СДСМ, Црвенковски и раковотството беа громогласни дека ќе победат.

Овие избори СДСМ убедливо ги изгуби, но уште од тогаш како по правило продолжи со истата реторика. И тогаш како и денес СДСМ секој митинг го класифиираше како наголем и лицитираше со огромни бројки од 50, 60 па дури и 100 илјади присутни.

Освен бројките на митинзите, лажните анкети се исто така позната алатка. На изборите од 2014 Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води и најавуваше двојна победа.

На изборите во 2008мата и 2011та сегашната заменичка на Заев повторуваше дека народот се прекршил и одлучил дека СДСМ сигурно ќе победи. Според експертите тие многу често ветуваат нерални работи и наместо конкретна програма со рокови и проекти тие ветуаа општи флоскули.

Со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим. Иако најголемиот демант стигаше на изборите каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од граѓаните-

На 9 мај 2011 година Шекеринска тврдеше дека Груевски е пред капитулација.

Исто така и навредите беа редовен декор во нејзината политичка битка како и нереалните ветувања.

Зоран Заев на изборите во 2014 та кој ги загуби со над 200 илјади гласови викаше дека тој ќе е идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика

После целата лажна еуфорија, која сега СДСМ и Заев ја повторуваат на денот на изборите следуваше соочување со реалноста и одговор на народот што значеше тежок пораз и изборно фијаско за СДСМ.

За СДСМ и тогаш народот беше крив.

Додека раководството на СДСМ смислуваше стратегија да го оправда поразот, народот славеше на улиците. Истото СДСМ Заев и Шекеринска го повторуваат и во овој период знаејќи дека наредната година земјавата ја очекуваат избори.