Македонија
18. August 2018 - 11:59

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за клучното прашање за иднината на државата

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за клучното прашање за иднината на државата, останува да соопштат за што се, граѓните се за светла иднина, за напредок, за членство во НАТО и ЕУ

Референдумот на којшто граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на државата е пред нас.

Прогресивните сили, прогресивните демократски партии, граѓаните, граѓанските организации, сите се обединети за светла иднина, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, за напредок.

Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се.

СДСМ е јасно определен за европска иднина на Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека се подготвени да ја жртвуваат иднината само за амнестија на Никола Груевски и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да изберат и да соопштат за што се.

Изборот е светла иднина или темно минато.

Изборот е напредок, членство во НАТО и ЕУ или уназадување, криминал, изолација, враќање назад.

Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет.

Да, за македонската иднина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ