Македонија
11. August 2018 - 10:14

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема јасен став за најважното прашање за иднината на државата

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се.

За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став.

Тоа до крајни граници ја покажува несериозноста, неодговорноста и загубеноста на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот и сосема поинаку ќе се однесуваше доколку им се дадеше амнестијата којашто ја бараа но не ја добија.

Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ. Тоа се врвните стратешки државни и национални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно.

Има ли воопшто некаков план ВМРО-ДПМНЕ?

Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.

На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.