Македонија
28. May 2021 - 9:52

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да ги блокира реформите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да ги блокира реформите во образованието, граѓаните не веруваат на нивните манипулации и деструкции, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да ги блокира реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес во Собранието и надвор од него. Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ непрестано шири лаги и манипулации, сее страв и поделби во јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците. Повторно им се случи тотално фијаско на протестите каде освен активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, други граѓани немаше, што покажува дека јавноста не ги поддржува погубните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски“, велат од партијата.

Новото фијаско на протестите, додаваат од СДСМ, е потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е грижа за учениците, ниту му е важно образованието, туку важно им е само да ги опструираат реформите во образованието.

„Наместо да излезе со конструктивна понуда, дебата и издржани аргументи, ВМРО-ДПМНЕ преку блокади и деструкции се спротивставува и кочи се што е во интерес на граѓаните и државата, се што носи напредок и развој. Граѓаните одамна ги прочитаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не им даваат поддршка на протестите, затоа шест пати ги казнуваат на избори. Граѓаните не сакаат државата да ја води ретроградна партија која освен уназадување нема капацитет да понуди ништо друго, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде во опозиција“, велат од СДСМ

СДСМ Центар за комуникации со јавноста