Македонија
30. August 2017 - 15:18

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството

СДСМ смета дека обвинувањата ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во здравството се лицемерни  и оти преку нив партијата очајнички се обидува да профитира врз несреќите на граѓаните и се обидува да го прикрие хаосот што го оставила во здравствениот систем.

- Преку 11-годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем, а здравството во Македонија го направи едно од најсмртоносните во Европа, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во неа се додава дека Владата предводена од СДСМ го менува таквиот однос кон здравството и преку посветена работа ги санира штетите во здравството и гo унапредува здравствениот систем во интерес пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.