Македонија
23. December 2019 - 13:46

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи покачувањето на пензиите

Реакција на изјава за медиуми на Влатко Ѓорчев

ВМРО- ДПМНЕ преку својот пратеник во Собранието Влато Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите на 320 илјади пензионери од идниот месец.

Прво, Ѓорчев одбиваше да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика. Денеска во 10 часот закажува седница со термин за почеток во 10:30 часот.

Иако за оваа седница Министерство било известено само поливина час пред нејзиниот почеток, бил обезбеден претставник – заменик министерот за труд и социјална политика.

Меѓутоа Ѓорчев, сѐ уште незадоволен, бара присуство на министерката Царовска којашто денеска е Штип кадешто отвра уште еден Дневен центар за лица со попреченост.

Очигледно Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да се соочат со министерката и потпретседателка на СДСМ и којзнае кој пат свесно не го гласаат Законот со кој обезбедуваме повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

Пензионерите добро паметат кој им кратеше од нивните пензии цела деценија и не им ги исплаќаше законските усогласувања.

Наспроти расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ работи транспарентно, одговорно и домаќински.

Наместо да зена од џебот на пензионерите , СДСМ ги враќа парите кај пензионерите со континуиран раст на пензиите во законската рамка.

Со предложените законски измени коишто ги кочи Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕво 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари.

Со оваа законска измена Владата предводена од СДСМ предвиде покачување од 700 денари за секој пензионер и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.

Како за споредба во 2016 тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите ад хок и на пензионерите пред истекот на годината им исплати околу 560 денари или помалку од 60 денари месечно.

На прав пат сме, продолжуваме да се грижиме за повозрасните.