Македонија
26. January 2021 - 16:10

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за вакцини а не го гласаше Законот за лекови

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за вакцини а не го гласаше Законот за лекови, вакцини се обезбедуваат преку сите можни начини и извори

Христијан Мицкоски никако не може да ги преболи политичките фијаска што му се случуваат на избори, па своите неуспеси сака да ги „испере“ поврзувајќи ги со се и сешто.

До пред некој ден се правеа како прв пат да слушаат за интервентен увоз на лекови, лажејќи дека вакцината Фајзер против Ковид не била регистрирана во нашата земја па затоа не можел да се направи увоз на истата. Од друга страна пак големите душегрижници од ВМРО-ДПМНЕ во Собрание вчера не гласаа за законот за лекови, не гласаа ниту против, ниту воздржано, како пратениците мора да личат на лидерот Мицкоски па да немаат став за ништо

Може Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не слушнале дека сите земји во светот се соочуваат со недоволна количина на испорака од вакцини, а производителите имаат проблеми со испораките па дури и договорените, бидејќи глобалната побарувачка е голема. Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, уште од почетокот на пандемијата водат преговори со Ковакс механизмот за набавка на вакцини против Ковид19.

Веднаш штом се отвори можноста за директни преговори со произведувачите истото се направи, а се прават напори за обезбедување на вакцини и преку солидарниот фонд на ЕУ. На ВМРО ДПМНЕ им одговара да манипулираат и во време на кризи, па дури и во време на светска пандемија. ВМРО ДПМНЕ може секојдневно да лаже, но нивните празни муабети се добро познати и кај граѓаните и во меѓународната заедница, па повеќе од сигурно е дека зборот не им тежи ниту кај партиското членство.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство бараат и обезбедуваат вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи. Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните. Имунизацијата против Ковид 19 во нашата земја ќе почне во февруари, очекувано е дека ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе го поткупува здравствениот систем преку лажни вести и празни прес-конференции.

И после шест изборни порази ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја напуштаат матрицата на лажни вести, на деструкција и дејствување спротивно на интересите на граѓаните.