СДСМ: Владата ги санира штетите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ
Функционери на ВМРО-ДПМНЕ од поранешните раководни структури на Централниот регистар, за партиски бизнис интереси противзаконски го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 22 милиони денари, обвини денеска СДСМ.
Според СДСМ, остварената добивка на Централниот регистар од 22 милиона денари наместо да се слее во државната каса, завршила на сметката на Акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен простор, а оттаму е префрлена на градежна фирма која била изведувач на зграда во центарот на Скопје.
- Ваквото расипничкото и противзаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го цедеше Буџетот за лични теснопартиски бизнис интереси, а ги осиромашуваше граѓаните. Тоа време заврши. Новата Влада предводена од СДСМ ги санира штетите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ и парите ги враќа кон граѓаните, наведува СДСМ во соопштението.
Преку низа на мерки, како што додава, новата Влада ќе ги покачи платите, ќе го реши проблемот на стечајците, ќе ја врати евтината тарифа на струјата и ќе го подобри животниот стандард на граѓаните.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња