Бизнис
1. November 2016 - 13:43

СДСМ: Вкупниот јавен долг ги надмина 50 проценти од БДП

СДСМ денеска обвини дека за последниве девет месеци власта го зголемила вкупниот јавен долг на Македонија за над половина милијарда евра, и порача дека ќе има ревизија на сите задолжувања на граѓаните.

- Ова значи дека секој граѓанин на Р. Мaкедонија е задолжен со 2.274 евра. Секое бебе се раѓа со долг од 2.274 евра. Вкупниот јавен долг ги надмина ризичните 50 проценти од БДП, како што предупредувавме и како што предупреди и Светска банка кога изрази загриженост за огромните задолжувањата на Македонија, велат од СДСМ. 

Дополнително за денеска, посочуваат најавено е од Министерството за финансии ново задолжување на домашниот пазар од 61.5 милиони евра.