СДСМ: Трошоците за почеток на учебната година колку минималната плата
Опозициската СДСМ денеска упати критики до власта за „концептот на бесплатно образование“ затоа што, како што соопшти, трошоците за почеток за учебната година за еден ученик изнесуваат колку минимална плата од 9.000 денари.
- За да ја започнат учебната година, родителите се изложени на огромни трошоци. Плаќаат за тетратки, ранци, осигурување, ужинка, за комплети за техничко образование и дневен престој. Во многу училишта од родителите се бара да платат за униформи, за обезбедување, но и за бели листови за копирање, за тоалетна хартија и сапун. Се' е тоа огромен товар на семејниот буџет, наведува во соопштение СДСМ.
Партијата прашува „како родителите да издвојат пари за сите трошоци, кога повеќе од половина од вработените се со плата пониска од 12.000 денари?
Од СДСМ истакнуваат дека кога ќе дошле на власт ќе го олеснеле товарот на родителите. - Ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари во 2017 година. Преку нова политика за стипендирање, ќе ги поттикнуваме талентираните но и децата од сиромашни семејства. За да ја намалиме детската сиромаштија, ќе воведеме програма за индивидуална поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и семејства со ниски примања, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто