Македонија
6. April 2016 - 23:41

СДСМ ТОНЕ ВО ДЕСТРУКЦИЈА- нема да оди на избори на 5-ти јуни

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека неговата партија нема да учествува на претстојните избори.
 
– Без слободни избори нема слобода. Со месеци се бориме за слободни избори и принцип еден човек-еден глас. Договорот од Пржино беше за таа намена. Никола Груевски го кршеше договорот. Медиумски реформи нема, притисоците траат, избирачкиот список не е пречистен. Во име на граѓаните СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, изјави Заев.