Македонија
2. March 2017 - 16:13

СДСМ со молчење ги потврдува информациите на ДУИ дека ќе се менуваат банкнотите

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во интервју не Телевизија Телма, не ги одговори суштинските прашања околу договорот со ДУИ, за кои јавноста очекува одговор. 

Спасовски не ги негираше тврдењата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи дека во договорот со СДСМ влегува и промена на банкнотите и амблемите на униформите на војската и полицијата.

Инаку, изминативе денови функционери на ДУИ неколку пати потврдуваа дека платформата е реалност и основа за формирање влада.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пак синоќа ја реафирмирал позицијата и ставот да се поддржи малцинска влада на СДСМ, доколку партијата на Заев се откаже од уцените и целосно ја отфрлат платформата на албанските партии.

Според проценките на ВМРО ДПМНЕ во конкретниов случај, помала е цената да се удоволи желбата на СДСМ и покрај поразот на избори, отколку цената да ја плаќа државата.