Македонија
15. December 2021 - 12:36

СДСМ: Растот на БДП и извозот покажуваат дека економијата е стабилна, тука сме за граѓаните

Македонската економија е стабилна, подготвена да се носи со сите актуелни и идни предизвици.

Тоа го потврдуваат и бројни статистички податоци и економски параметри.

Во третото тромесечје Бруто домашниот производ бележи раст од три отсто.

Покрај растот на БДП бележиме и сериозен раст на извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.

Сето ова се податоци кои ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи, постојано презема мерки за заштита и унапредување на економскиот стандард на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година.

Покрај цените на лебот, брашното, зејтинот, млекото, сирењето и сувомеснатите производи, се замрзнува и цената на оризот, јајцата и тестенините.

Оваа одлука е донесена со цел да се превенираат идни поскапувања на овие продукти кои македонските граѓани најчесто ги употребуваат во секојдневието.

Почитувани,

И во следната 2022 година ќе продолжи растот на минималната плата, за што веќе се договара со синдикатите и бизнис секторот, а ќе продолжи и зголемувањето на пензиите, со цел зајакнување на животниот стандард и обезбедување повеќе пари во секое семејство.

Во однос на енергетската криза и најавеното зголемување на цената на струјата, државата е подготвена да им помогне на најранливите категории граѓани, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија.

СДСМ е тука за граѓаните. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за секој граѓанин, за секое семејство.

СДСМ