СДСМ: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ немаа поддршка од јавноста
Тотално фијаско се случи денеска на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови низ државата.
Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.
Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста.
Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд