Македонија
7. April 2021 - 9:12

СДСМ: Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција

Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција, одново не го одбранија криминалот

Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите.

Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната за овој случај.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.

Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Мицкоски.

 

Центар за комуникации со јавноста СДСМ