Македонија
8. August 2017 - 13:40

СДСМ: Почна ослободувањето на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше и злоупотребуваше

СДСМ денеска соопшти дека заврши времето на партизирани и заробени институции кои наместо во служба на граѓаните, како што наведува, работеа во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

- Согласно реформскиот План 3-6-9 на Владата предводена од СДСМ, почнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот процес ќе продолжи и по локалните избори кога ќе се ослободат и институциите на локално ниво, наведува СДСМ.

Според партијата, реформите во администрацијата гарантираат вистински професионален, слободен и независен сервис на граѓаните и државни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и државата, наместо во интерес на политичарите и партии како што правеа ВМРО-ДМНЕ и Груевски.