Македонија
23. August 2017 - 14:49

СДСМ: Нема да се градат станови за бегалци во Гази Баба

Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ не планира изградба на станбени единици за бегалци на територија на општината Гази Баба, затоа што Македонија е само транзитна земја за бегалците. Овде ниту има станови, ниту има елементарни услови за такво нешто, истакна денеска Борче Георгиевски од СДСМ.

На прес-конференцијата што ја одржа во општина Гази Баба, на потегот на патниот правец од Стајковци кон Црешево, тој потенцира дека јавноста и граѓаните, може да се уверат дека, како што рече, лажните вести за наводни кампови или станови за мигранти, што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, немаат врска со реалноста.

- Сакајки да ја дефокусира јавноста за своите неуспеси во реализација на капиталните инвестиции и загубената поддршка од граѓаните, вчера и денес ВМРО-ДПМНЕ ги организира членовите за собирање потписи противисмислено населување мигранти, рече Георгиевски.

Обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна што, како што рече, се гледа од документот од 2011 година, кој покажува дека тоа е предложено и потпишано токму од владата предводена од оваа партија.

Наместо дефокусирање на јавноста и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ, рече Георгиевски, треба да им даде пдговор на граѓаните за сите нереализирани проекти како ветената нова градинка во Стајковци, нова училишна зграда за ОУ Вера Јоцик, реконструкцијата на ОУ Крсте Мисирков, изградба на фекална канализација во повеќе населени места...