Македонија
28. January 2021 - 15:18

СДСМ: Мицкоски да прекине да работи против својот народ и својата држава

Очигледно е, Христијан Мицковски  нема за цел да биде коректор на политиките на власта, бидејќи за тоа треба став и знаење, туку кочничар на се што е прогресивно и во интерес на граѓаните.

Мицкоски ја лаже јавноста дека е патриот а не направиш ништо за државата и работи против граѓаните.

Во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за НАТО а на дело да Мицкоски го кочеше зачленувањето и не се израдува на членството.

Сега ровари во Армијата и безбедноста во очајнички обид да го девалвира членството во НАТО.
Неговата ВМРО-ДПМНЕ, столбот на државноста, Армијата, ја остави со стари чизми, стари униформи, без дневници, во руинирани касарни, со стара и дотраена опрема.

Мицкоски зборува за демократија и прогрес а единствената меѓупартиска соработка  му е онаа со Никола Груевски, неговиот шеф.

Христијан Мицкоски треба да знае дека „еретик“ е оној што се одметнува од својот народ, од неговите интереси.

Мицкоски треба малку да излезе од белиот дворец, да види дека граѓаните имаат други потреби и да прекине да работи против својот народот и својата држава.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ