Македонија
11. March 2017 - 19:29

СДСМ: Иванов има должност веднаш да го даде мандатот

СДСМ смета дека претседателот Ѓорге Иванов има должност веднаш да го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој обезбеди 67 потписи за формирање влада.

Според СДСМ, единствениот кој го крши Уставот е Ѓорге Иванов.

- Граѓаните ја имаат пред себе Програмата на новата влада со мерки за нивните основни потреби и гаранции за унитарноста според Уставот и законите, посочуваат од СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.