Бизнис
30. November 2022 - 19:50

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за тендер на ЈСП, директорот тврди дека информациите се неточни

Директорот на ЈСП потпишал договор за набавка на нафта за автобусите тежок речи си 30 милиони евра и според него, скопјани ќе плаќаат 118 денари за литар дизел во скопските автобуси, обвини СДСМ.

Директорот на ЈСП го постави Арсовска и тој е член на СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи слика на која може да се види директорот на ЈСП на партиски состанок во СДСМ.

„Кадар на СДС, поставен од Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар.

Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС.

Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска.

Тоа е тајната коалиција СДС - Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра.

Токму ваквите матни зделки со СДС и криминогеноста на Арсовска беше една од причините за повлекување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска.“ – порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот Стојковски кого Арсовска го постави на функцијата во мај годинава по кавгата со ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Сител демантира.

„Невистина е дека ЈСП Скопје за литар гориво плаќа 100 ден плус ДДВ. Во договорот е јасно прецизирано дека цената се утврдува колку што изнесува истата на дневно ниво определена од Регулаторна комисија за енергетика“ – вели за Сител директорот Стојковски.

Во договорот кој може да се најде на бирото за јавни набавки стои дека цената на дизелот ќе се определува според важечките цени на денот на испораката.

ЈСП веќе неколку месеци е во тешка финансиска состојба поради што доцнеа платите на возачите а неисплатен остана и долгот на приватните превозници кои утре треба да кажат дали во петок ќе го блокираат главниот град како што претходно најавија.