Македонија
14. August 2020 - 16:42

СДСМ и ДУИ ги усогласиле принципите за коалиција, работат на програмата и кадровските решенија

Преговарачките тимови на СДСМ и ДУИ, по вчерашната средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети на која бил направен напредок во владините преговори, и денеска продолжуваат со разговори, брифираат од СДСМ и ДУИ.

Но, нема детали за тоа што всушност договориле Заев и Ахмети во однос на премиерското место, поделбата на ресори и институции или пак, за кадровските решенија. Сепак, од СДСМ и ДУИ велат дека принципите на кои ќе се темели идната влада се потврдени.

„Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор и до Влада со полн четиригодишен мандат која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе го продолжи партнерството со нашите евроатлантски сојузници“, велат од СДСМ.

Преговорите на ниво на партиски секретари Љупчо Николовски и Артан Груби ќе се засилат за време на викендот.

Од друга страна по најавите на Заев дека разговара и ќе преговара и со други партии денеска излегоа со став од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтерантива. Од таму тврдат дека досега не се одржала ниту една формална средба со Заев на тема владино коалицирње и дека нема да преговараат се додека ДУИ не излезе го оставри своетот ветување Насер Зибери да биде премиер.

И од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го чекаат исходот од преговорите СДСМ – ДУИ.

„Да видиме како се развиваат преговорите, сепак тие преговори ги водат две други политички партии и ќе треба таму да ги бараме одговорите во однос на се она што се разговара таму. Во однос на позицијата на ВМРО-ДПМНЕ морам да истакнам дека веќе е јасно кој го узурпираше мандатот во раце и кој го има мандатот за да се обиде како што велеа да состави нова Влада. Но морам да истакнам дека и во ВМРО-ДПМНЕ сите опции се отворени во наредниот период и секако ќе го следиме периодот на преговори кој што ќе го предводат партиите“, изјави Димче Арсовски.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со претседателот Пендаровски со образложение дека противуставно го врачал мандатот за составување на Влада на Заев без да има мнозинство од најмалку 61 пратеник.