СДСМ: Грижата кон земјоделците продолжува, исплатени долговите кон лозарите
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците.
Се исправи долгогодишната непревда кон лозарите од Тиквешкиот регион кои не можеа да го исплатат предаденото грозје во приватните винарници „Повардарие” и „Стефани Винарија”.
Државата ги исплати долговите. На над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион се исплатени им околу 1,2 милиони евра, со што се реши долгогодишен проблем но и се обезбеди приход кај 2.000 земјоделци за вложување во ново производство на квалитетно грозје.
Истовремено, за само три месеци од годината исплатени се вкупно 40.5 милиони евра субвенции за над 80 илјади земјоделци.
За субвенции за лозови насади беа исплатени околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари, на овоштарите за одржување на овошните насади околу 5,5 милиони евра, за одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра.
Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на политиките кои што обезбедуваат вистинска грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО