Македонија
11. January 2020 - 17:33

СДСМ: Емил Јакимовски упатува закани кон новинари а Мицкоски и неговата партија молчат

Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат. 

Ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски. 

Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста. 

Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува.

Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ ги осудува заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Режимската ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски  убедливо ќе бидат поразени од граѓаните на 12 април.

Режим никогаш повеќе.