Македонија
11. September 2021 - 12:17

СДСМ: Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за Филипче

Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче.

Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа.

Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се  извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ.

Нивните деструкции и лажни вести , се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ