СДСМ: Добивме нови над 50 милиони евра од ЕУ, европскиот пат носи придобивки за граѓаните
Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот.
Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови ни одобри уште три проекти, во вредност од над 50 милиони евра.
Средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.
Во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија-Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици Осломеј 1 и Осломеј 2, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
Ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.
Европските фондови за енергетската независност и за заштита на животната средина носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.
Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Загина тракторист во струмичко Сачево
-
Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца
-
Двајца осомничени и запленето поголемо количество марихуана на патарина на автопатот Гостивар -Тетово
-
Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром
-
Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени
-
Спасовски: Опсежни истражни мерки за копањето тунел во Идризово
-
Герасимовски: Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“
-
УХМР: В понеделник дожд, во вторник значително пониски температури