СДСМ: Дезинформаторот Мицкоски шири лажни вести на штета на државните и национални интереси
Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси.
Мицкоски синоќа излажа дека дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, иако оваа лага експресно беше демантирана токму од Комисијата.
Да, Мицкоски уште еднаш излажа. Да, тој е истиот Мицкоки кој лажеше дека државата ни се распрачувала, истиот Мицкоски кој лажеше дека државата немала тестови за коронавирусот, дека лекарите немале заштитна опрема. Да, тој е истиот Мицкоски чии профили на социјалните медиуми беа индетификувани како извор на лажни вести во студија финансирана од ЕУ.
Тоа е Мицкоски, лажни вести, дезинформации, деструкции, тоа е се што им нуди на граѓаните. Затоа губи шест пати на избори, затоа уште долго ќе остане во опозиција.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи