Македонија
24. January 2021 - 11:47

СДСМ: Дезинформаторот Мицкоски шири лажни вести на штета на државните и национални интереси

Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси.

Мицкоски синоќа излажа дека  дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, иако оваа лага експресно беше демантирана токму од Комисијата.

Да, Мицкоски уште еднаш излажа. Да, тој е истиот Мицкоки кој лажеше дека државата ни се распрачувала, истиот Мицкоски кој лажеше дека државата немала тестови за коронавирусот, дека лекарите немале заштитна опрема. Да, тој е истиот Мицкоски чии профили на социјалните медиуми беа индетификувани како извор на лажни вести во студија финансирана од ЕУ.

Тоа е Мицкоски, лажни вести, дезинформации, деструкции, тоа е се што им нуди на граѓаните. Затоа губи шест пати на избори, затоа уште долго ќе остане во опозиција.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста