Македонија
3. October 2016 - 16:17

СДСМ: Да се реши просторниот проблем во „Кирил Пејчиновиќ“

Опозициската СДСМ денеска побара надлежните институции веднаш да го решат просторниот проблем што го имаат учениците во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. 

- Децата веќе еден месец губат настава и ќе им биде голем проблем надоместувањето на часовите што е веројатно дека ќе има одраз и врз нивниот успех, наведува во соопштение СДСМ.

За партиски интереси, смета СДСМ, се посегнува по меѓуетнички провокации, со користење малолетни деца - средношколци.

Според СДСМ, недозволиво е градоначалничката на Тетово Теута Арифи и Министерството за образование, како што наведува, „да си играат пинг понг со ученици за партиски цели“. 

- Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и министерот за образование Пиштар Лутфиу се од иста партија, ДУИ, а заменикот министер Спиро Ристовски е од нивниот коалициски партнер, ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ.