Македонија
16. јуни 2021 - 9:28

СДСМ: Членството во НАТО е историски успех за граѓаните и државата

Нашата татковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси кои ги чекавме 30 години.

Ние сме НАТО, полноправна и рамноправна земја членка на најголемиот воено-безбедносен сојуз, Република Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како нејзина полноправна членка.

Нашето членство во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.

Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица.

Откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.

Таквата деструктивност, оваа дезориентирана партија ја доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ