Македонија
17. March 2022 - 13:01

СДСМ: Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ се пример за расипничко и криминално трошење

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да глуми загриженост за граѓаните и свесно да шири невистини и манипулации за редовни набавки.

Пример за расипничко и криминално трошење на народните пари е токму ВМРО-ДПМНЕ, со милијардите потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби и вртелешки и низа други непродуктивни работи.

Расипничко трошење на народните пари за луксуз на ВМРО-ДПМНЕ е Белата палата, со кристални лустери, астали од махагони, позлатени рамки и дебели теписи, од каде портпаролот Димче Арсовски шири лаги, наместо да ги повика своите градоначалници народните пари да ги пренасочат за граѓаните, а не да ги трошат за набавка на чоколода, апетисани и вдомување на партиски кадри.

Но тоа е вистинското лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата палата ништо не се менува, освен тесно партискиот интерес.

За разлика од нив, СДСМ секој денар од буџетот го враќа кај граѓаните и ги поддржува во време на криза, а последен пример за тоа се антикризните мерки вредни 400 милиони евра, зголемената минимална плата на 18.000 денари, новата методологија за рекорден раст на пензиите, финансиската помош за пензионерите, како и поддршката за домашните компании. 

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ