СДСМ: Арсовска без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина
Данела Арсовска секојдневно покажува елементарно непознавање на ингеренциите на градоначалникот и Советот на Град Скопје.Таа не предвидела ниту денар за Буџетот за 2022 за справување со енергетската криза и за затоплување на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е грубо потценување на граѓаните на Скопје.
Без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза.
За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека не е надлежна. Тоа нечесен и неодговорен однос кон градот и неговите граѓани.
Очигледно е дека Арсовска не е способна и не може да ги реши проблемите на скопјани па затоа постојано бара оправдување за нејзината неспособност.
Ново на Сител
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад